Основното јавно обвинителство Гевгелија ја истражува сообраќајната несреќа во која утринава животот го загубија три лица државјани на Србија

Скопје, 01 Август 2015

Утринава околу 7 часот, кај Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила, при што едно патничко возило  удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија веднаш изврши увид на лице место на несреќата.  Дадени се потребни наредби за вршење вештачења и се прибираат информации и податоци, во насока на откривање на причините за несреќата.

534 total views, 1 views today