За Убиство ќе се гони синот кој го претепа татка си во Битола

Скопје, 18 Април 2016

До Основното јавно обвинителство Битола беше поднесена кривична пријава против едно лице од Битола за кривично дело Убиство од чл. 123 ст. 2 т. 1 и 2 од КЗ. Станува збор за син на жртвата, сега починатиот Т.М. од Битола. Убиството се случило на 15.04.2016 година во 21,00 часот во домот на жртвата.

Основното јавно обвинителство Битола во врска со поднесената кривична пријава до Судијата на претходна постапка во Основен суд Битола достави предлог за определување на мерката притвор против осомничениот а согласно одредбите од од ЗКП кои законски основи беа исполнети.

Расветлувањето на настанот и прибирањето на доказите е во тек.

301 total views, 1 views today