Основното јавно обвинителство Гостивар гони едно лице за полов напад врз дете

Скопје, 18 Мај 2018

Во тек на вчерашниот ден во Кичево, лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. Нападот се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во Министерството за внатрешни работи. За кратко потоа, осомниченото лице кое се дало во бегство било лишено од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик, за кое дело е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

104 total views, 1 views today