Поведена истражна постапка против едно лице кај кое при претрес беше пронајдено оружје и друга опрема

Скопје, 17 Септември 2018

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага со донесување на Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.09. 2018 година во 15.00 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот,  педесет и тригодишен жител на Скопје.

По барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож- Бодеж, двоглед и друга опрема.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомниченото лице, за што до судот достави предлог. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.

70 total views, 1 views today