Татко и два сина обвинети за напад врз полициски службеници во Шуто Оризари

Скопје, 25 Декември 2018

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст. 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинетите татко и неговите два сина, на 15.09.2018 година, на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно ги нападнале и телесно ги повредиле шесттемина униформирани полициски службеници од ПС Чаир кои вршеле службено дејствие кое се однесува на работи од јавната безбедност.

Полициските службеници, заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот Фолксваген пасат, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди.

Еден полициски службеник преку отворениот прозорец се обидел да го отклучи автомобилот и да го спречи обвинетиот во натамошните дејствија. Обвинетиот излегол од возилото и заедно со брат му и уште неколку други непознати лица физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Откако на помош пристигнале и други полицајци и обвинетите биле обезбедени, пристигнал нивниот татко, кој исто така започнал физички да се пресметува со полициските службеници.

85 total views, 1 views today