Поднесено обвинение за неовластено држење марихуана во Студеничани

Скопје, 04 Јули 2019

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 13 јуни, во својот дом во Студеничани, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупно количество од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.

Бидејќи надлежниот јавен обвинител ценеше дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, до Судот беше доставен и предлог за продолжување на оваа мерка.

19 total views, 1 views today