СООПШТЕНИЈА
Работни средби во обвинителствата во Велес и Гевгелија
Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, вчера оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Велес и од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Тема на работните средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат во текот на работењето јавните обвинители од овие обвинителства. Стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето и мерките кои во таа насока треба да се преземат.
Јовески ја истакна поддршката која ја имаат јавните обвинители во заложбите за подобро функционирање, како и за професионално, стручно и независно постапување.
Одржаните средби во двете обвинителства се дел од активностите за унапредување на состојбите во обвинителството кои ги презема Јавниот обвинител на Република Македонија.
9 total views, 2 views today
Основното јавно обвинителство Кочани спроведува истрага против полициски службеник
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице – полициски службеник на кој му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Врз основа на претходни сознанија и примена на посебни истражни мерки, на 11 овој месец во Кочани по наредба на јавен обвинител од страна на Министерството за внатрешни работи е спроведена акција во која е фатен полициски службеник при продажба на 26,2 грама дрога – марихуана. Осомничениот е задржан во Полициската станица во Кочани и во текот на вчерашниот ден е изведен пред Судија на претходна постапка.
Имајќи ги во предвид околностите, тежината на кривичното дело и запретената казна од три до десет години затвор, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка – Притвор кој е прифатен и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена.
17 total views, 1 views today
Основното јавно обвинителство – Битола изврши увид на местото каде ноќеска е ранет разбојник
Вчера вечер, во колонијална продавница во Битола е извршено разбојништво. Според добиените сознанија, инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка. Заради пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривичното дело или се важни за кривичната постапка издадена е Наредба за претрес на домот и други простории на адресата на девојката.
При обид да се изврши претрес во ноќните часови, осомничениот не сакајќи да излезе од помошната просторија, започнал да пука во полициските службеници при што било употребено огнено оружје и од страна на полицијата. Околу 1:50 часот осомничениот пукајќи се обидел да избега од помошната просторија во дворот, на што било возвратено од страна на полициските службеници и истиот бил совладан. Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола. Се наоѓа во стабилна здравствена состојба и над него ќе биде извршен оперативен зафат.
Надлежниот јавен обвинител изврши увид на местото на настанот и издаде наредби за обезбедување на материјални траги. Во тек е прибирање на останатите докази.
20 total views, 1 views today
ИНТЕРВЈУА
ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…
759 total views, no views today