Соопштенија

Двајца албански државјани обвинети за незаконит риболов во Охридското Езеро

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан. На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со … Повеќе

Обид за убиство во Битола, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во “Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб … Повеќе

Зајакнати капацитетите на обвинителството, истрагите и обвиненијата за корупција, констатира Европската комисија во извештајот за владеење на правото

Европската комисија во извештајот за состојбата со владеење на правото во нашата земја констатира напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата, додавајќи дека долгите судски постапки и недоволните ресурси го отежнуваат гонењето на висока корупција. Во извештајот се нагласува упатството за давање приоритет на предметите од областа на корупцијата … Повеќе

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале … Повеќе

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пожар

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија … Повеќе

Обвинителен предлог против осум лица

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена … Повеќе

Еден осомничен за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на … Повеќе

Отворена истрага за шест лица за трговија со дрога

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во … Повеќе

Скопјанец ќе одговара за тешка сообраќајна несреќа и неукажување помош на повредените

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, но и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 … Повеќе

Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, задржани шест лица

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Предистражната постапка на Основното … Повеќе

Истрага против три лица за насилство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 3 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група … Повеќе

Полициски службеник призна дека сторил проневера во служба

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар. Постои основано сомневање дека полицискиот службеник сторил кривично дело Проневера во службата. Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на … Повеќе

Поднесено обвинение за две лица за кривични дела поврзани со корупција

Јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција по спроведена темелна истрага, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривични дела поврзани со корупција. Со дејствијата опишани во диспозитивот на актот првообвинетиот, директор на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, сторил кривично дело – Примање поткуп, а второобвинетиот … Повеќе

Обраќање на Јавниот обвинител на РСМ пред собраниската Комисија за финансирање и буџет по повод предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025

Почитувана претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, Почитувани пратеници, Најпрво ви благодарам за разбирањето и се извинувам затоа што не бев во можност да ви се обратам вчера, заедно со другите гости, на почетокот на вашата расправа по однос на предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година. Причината за тоа е едноставна, но … Повеќе

Официјално отворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денес беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе. Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 … Повеќе

Струшкото обвинителство поднесе обвинение за насилство

Основното јавно обвинителство Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе Обвинителен предлог против две полнолетни лица од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Соизвршител на истото дело бил и еден малолетник од истото село … Повеќе

Разбојничка кражба од фризерски салон во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот … Повеќе

Обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на … Повеќе

Поднесено обвинение за таткото што при семејно насилство ја повреди својата ќерка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во … Повеќе