СООПШТЕНИЈА

Велешкото обвинителство поднесе обвинение за недозволено држење оружје и разбојништво

Скопје, 19 Април 2019

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гевгелија на возраст од 40  години, за кривичните дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

По сеопфатна истражна постапка надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот во временскиот период од 09.01.2019 година до 22.02.2019 година кај себе неовластено држел огнено оружје – ловечка пушка марка Чешка збројевка со калибар 16 мм. и 8 ловечки куршуми со истиот калибар. Потоа на ден 09.01.2019 година околу 02.40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари со намера противправно да ги присвои. Имено, обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното.

Имајќи предвид дека се работи за обвинет кој пред извесно време во Република Грција имал извршено кривично дело Разбојнипштво за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, како и дека повеќе пати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето, Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност, обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење на вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот Обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

11 total views, no views today

Осомничено лице кое со измама на гостиварци им ветувало документи за работа во Германија

Скопје, 19 Април 2019

Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

10 total views, no views today

Поднесен обвинителен акт за лицето кое направи импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Скопје, 17 Април 2019

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба држел наркотична дрога – марихуана. Притоа тој направил импровизирана лабораторија со 52 растенија од типот Cannabis, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.

При претрес на домот на осомничениот била  пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и пакувања, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.

Со Решение на судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на лицето му беше определена мерка куќен притвор, па ценејќи дека се уште постојат законските основи за обезбедување на негово присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

47 total views, no views today

Page 1 of 29012345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,172 total views, no views today

КОНКУРСИ