СООПШТЕНИЈА

Поведена предистражна постапка за перење пари од страна на високи македонски функционери во Република Србија

Скопје, 07 Декември 2017

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со  институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.

За понатамошниот тек на постапката, јавноста континуирано ќе биде известувана.

43 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови

Скопје, 06 Декември 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети.

Оваа пријава веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.

Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на лице место. Притоа, се проверува кој се имал пристап до трезорот со сефови на банката.

21 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играна серија

Скопје, 06 Декември 2017

Денеска, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција е поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик.

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000,оо денари. Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија ‘‘Македонија‘‘, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со против правна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија.

Како што веќе информиравме, за овој случај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по истата се постапува.

За понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.

59 total views, 1 views today

Page 1 of 16612345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

592 total views, no views today

КОНКУРСИ