Поднесено обвинение против З.Б. за Злосторничко здружување, Шпионажа и Уцена

Скопје, 18 Јули 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против лицето З.Б., па по сеопфтно разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: Злосторничко здружување од чл.394 ст.2, Шпионажа од чл.316 ст.3 в.в. со чл.45 и Уцена од чл.259 ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година.

1,614 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Гевгелија го истражува нападот извршен врз жена во црква

Скопје, 14 Јули 2016

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.30 часот, жена на возраст од 64 години,  која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот  започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и ги презеде потребните дејствија за прибирање на траги и материјали со цел расветлување на настанот. Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело.

 

Четворица опфатени со Наредба за спроведување истрага во акцијата “Лотос”

Скопје, 13 Јули 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничени се лицата  Б.Х. роден 1976 година кој бил организатор на мрежата препродавачи на дрога, С.А. роден 1989 година, А.М роден 1969 година и Д.Б. роден 1962 година кој  ја препродавале дрогата на трети лица. Оваа група на дилери на дрога, сите од Велес, работела на поширока територија на државата, па се очекува поголем број на постапки кои ќе се спроведуваат против осомничени лица и од страна на надлежните основни јавни обвинителства.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судот му предложи определување на мерка Притвор за  двајца од осомничените и тоа Б.Х и А.М. Предлог беше прифатен од судот и со Решение на осомничените им е определен притвор во времетраење од 30 дена. Другите двајца осомничени  веќе беа со изречена казна односно мерка и тоа лицето С.А. е  на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело исто така поврзано со наркотични дроги. Осомничениот  Д.Б.  е во притвор произлезен од друг претходен предмет, по неговото неодамнешно лишување од слобода откако му беа пронајдени дваесетина килограми марихуана .

Истрагата продолжува во насока на разоткривање на случајот и прибирање на доказите во предметот.

238 total views, no views today

Изречена осуда за обвинетите во предметот „Чекан“

Скопје, 12 Јули 2016

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за обвинетите за сторените кривични дела  Лихварство и Изнуда од Кривичниот законик.

Вкупно на обвинетите им е изречена затворска казна од 53 години и 6 месеци, и тоа поединечно:

- на обвинетиот Ф.А. казна затвор од 11 години и 6 месеци

- на обвинетиот А.М. казна затвор од 8 години и шест месеци

- обвинетиот  И.А. е осуден на затвор од 7 години и шест месеци

- обвинетиот Р.С е осуден на 9 години и 3 месеци

- обвинетиот Ф.М – на 11 години и 6 месеци

- обвинетиот З.А. на 2 години и 6 месеци.

- обвинетиот Ш.Б., кој како командир на полициска станица помагал на другите осомничени во вршење на кривичните дела во периодот од 2009 до 2012 година е осуден на казна затвор од  2 години и 9 месеци

Едно лице со одлука на судот е ослободено од обвинение.

Во текот на судењето беа изведени многубројни писмени и вербални докази, како и докази прибавени со посебни истражни мерки. Во судскиот процес беа сослушани над 45 сведоци предложени од обвинителството кои во своите искази јасно и категорично ги потврдија и објаснија сериозните закани и употребата на сила на кои биле подложени и кои врз нив ги вршеле сега осудените,“ истакна надлежниот јавен обвинител Маја Конеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Ценам дека Судот со изречените казни го утврди тоа што во обвинението го имав наведено и дека казните во целина соодветствуваат на сторените кривични дела. Осомничените се осудени на вкупно 53 години и 6 месеци години затворска казна, што за нас е правична осуда,“ додаде обвинителот Конеска.

За седум од осумтемина осудени, Јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата, ценејќи дека постојат законски основи за тоа.

Во предметот „Чекан“  е опфатена криминална  група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.

Во криминалната група беа гонети 21 лице, од кои со тројца осомничени Обвинителството постигна спогодба за признавање на вина во текот на истрагата. Со едно лице е постигната спогодба во фаза на оценка на обвинителниот акт.

Предметот за три лица е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Гостивар, а за петмина е донесена Наредба за запирање на истрагата.

242 total views, 1 views today

Предложен притвор за четири лица – поранешни припадници на ИСИС

Скопје, 09 Јули 2016

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – Терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик.

Во денешната акција, спроведена во раните утрински часови, уапсени се три лица од Скопје и едно лице од Тетово – поранешни припадници на ИСИС, додека останатите три лица се недостапни на органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка – Притвор.

189 total views, no views today

Притвор за две лица – организатори на мрежа за препродавање на наркотична дрога марихуана

Скопје, 09 Јули 2016

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик.

Во исто време до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, предложи мерка- Притвор.

Осомничените, со различни возила во четвртокот ден биле пресретнати на магистралниот пат Ресен – Охрид. Кај осомничениот Б.Д. кој го управувал патничкото моторно возило марка Опел Зафира со гевгелиски регистарски таблички, биле пронајдени 29,725 кг наркотична дрога – марихуана, додека осомничениот М.А. – поранешен полицаец со патничко моторно возило Пежо 607 со гевгелиски регистарски таблички бил во улога на чистач на патот. Осомничените организирале мрежа на препродавачи и дистрибутери на наркотична дрога со НН лица од Република Албанија. Дрогата требало да ја преземе лице од Албанија и истата да ја дистрибуира од Охрид преку Градско до Велес.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

196 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Прилеп истражува обид за убиство во село Чепигово

Скопје, 06 Јули 2016

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани се обидел да лиши од живот едно 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп.

Имено, вчера околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично – правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, по увидот на лице место, издаде наредби за обезбедување на материјални докази пронајдени на местото на настанот.

Врз оштетениот е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.

По пристигнувањето на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.

249 total views, no views today

Обвинителен предлог за тројцата насилници

Скопје, 04 Јули 2016

По спроведената истражна постапка и комплетирање на доказниот материјал, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес, поднесе Обвинителен предлог против Б.Е., Б.А. и Е.А. за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст. 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.

Кривично правниот настан се случил во ресторан во близина на Скопскиот саем, на 27 февруари годинава, околу 12,30 часот. Оштетениот Т.П. кој бил гостин во ресторанот во придружба со уште едно лице, бил физички нападнат од обвинетиот Б.Е. и едно НН лице кои со тупаници го удирале во пределот на главата. Сакајќи да се заштити, оштетениот се повлекувал наназад и влегол во блиското сепаре и сместувајќи се во агол со рацете ја покривал главата. На нападот се приклучиле и обвинетите Е.А. и Б.А. со уште едно НН лице и продолжиле да го удираат оштетениот со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Обвинетиот Б.А. го фатил оштетениот за врат и го турнал, при тоа заканувајќи му се .

Од ударите оштетениот се здобил со телесни повреди – потрес на мозок, контузии на коски на лицето, како и површински повреди во пределот на лицето. Во исто време кај оштетениот, како и кај други лица кои во моментот се наоѓале во ресторанот, било предизвикано чувство на страв, загрозеност и несигурност.

228 total views, no views today

Основното јавно обвинителство- Гостивар предложи мерка- Притвор за две лица

Скопје, 02 Јули 2016

По оперативни сознанија од страна на Основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Гостивар нареден е претрес на автобус кој сообраќал на линијата Струга- Гостивар. При влезот во Гостивар автобусот е запрен и кај двајца гостиварци пронајдена е 42,3 г марихуана.

Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите до судијата на претходна постапка при Основниот суд- Гостивар поднесе Предлог за определување мерка- Притвор во траење од 30 дена. Еден од обвинетите е шумски полицаец.

232 total views, no views today

Основното јавно обвинителство- Гостивар нареди обдукција за пронајденото починато лице во Маврово

Скопје, 02 Јули 2016

Во текот на вчерашниот ден по пријава од соседите, во својата викендица во Маврово, кај местото викано „Бела вода“ пронајден е 70 годишен старец И.А.

Со асистенција на полицијата е влезено во викендицата каде се наоѓал починатиот потпрен на маса и околу него имало крв. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Гостивар, телото на починатиот е предадено на обдукција. Првичните наоди покажуваат дека се работи за природна смрт- силен мозочен удар.

240 total views, no views today

Page 19 of 49« First...10...1718192021...3040...Last »