Основното јавно обвинителство Тетово го расветлува двојното убиство случено утринава во с. Мерово

Скопје, 07 Мај 2015

На лице место е излезен надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово кој ја води истрагата за слученото двојно убиство во кое од живот се лишени две лица, браќа на возраст од 23 и 25 години. Убиството се случило во место викано Јабланица, с. Мерово, Тетовско.

Утринава во периодот од 6.00 до 7.00 часот, настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство. Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот.

 

311 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје побара мерка – Притвор за четворица учесници во вчерашните протести

Скопје, 06 Мај 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје денес прими кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи против четири лица, за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, сторени во текот на вчерашните протести пред Владата на Република Македонија.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а со цел да се обезбеди непречено одвивање на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Предлог за определување мерка Притвор против сите четири осомничени лица, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.

242 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лице за случената сообраќајна несреќа кај Католичката црква

Скопје, 05 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лица за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 15.11.2014 година во 16,20 часот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Прочитај повеќе…

329 total views, no views today

Досега Основното јавно обвинителство – Скопје склучи осум спогодби во предметот „Јустиција“

Скопје, 05 Мај 2015

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, судии кои активно ја вршеле функцијата.

Обвинетите судии, со јавниот обвинител склучиле Спогодба за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата. На едниот му е определена казна затвор во времетраење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години осуденото лице не стори ново кривично дело. На вториот му е определена казна затвор во времетраење од девет месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години осуденото лице не стори ново кривично дело.

Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече соодветни Пресуди.

 

273 total views, no views today

Обвинение против сторителот на трикратното убиство во Кавадарци

Скопје, 05 Мај 2015

По спроведена темелна истрага, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвиненителен акт за едно лице за сторени  три кривични дела Убиство, за кои согласно Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Прочитај повеќе…

305 total views, no views today

Основното јавното обвинителство – Прилеп спроведува истрага за кривично дело Силување на малолетничка

Скопје, 05 Мај 2015

Надлежниот јавен обвинител при Основното јавно обвинителство – Прилеп, постапувајќи по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Полициска станица – Прилеп,  на  ден 02.05.2015 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на с. Големо Коњари, осомничен дека сторил кривично дело – Силување. Прочитај повеќе…

296 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Тетово ја расветлува експлозијата пред седиштето на ДУИ

Скопје, 04 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово изврши увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово. Подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил и истите се дадени на вештачење. Надлежниот обвинител го одзеде и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и анализа.

Во случената експлозија нема човечки жртви. Причинета е минимална материјална штета.

286 total views, no views today

Реакција по повод Соопштението на СДСМ

Скопје, 02 Мај 2015

Јавното обвинителство остро реагира по повод наводите во соопштението на СДСМ, а во врска со поднесување на Обвинителен акт во предметот „Пуч“.

Со инпутирањето на политички влијанија во постапувањето на јавните обвинители, со толкување на работењето на јавните обвинители според субјективните потреби на лицата против кои се води постапката, како и со правење конструкција за можна завера при донесување на одлуките во јавното обвинителство, се сака да се наметне мислење во јавноста дека надлежниот јавен обвинител во предметот „Пуч“  постапува спротивно на законските одредби.

Јавното обвинителство нагласува дека согласно одредбите од Законот за јавното обвинителство, обвинителите кои постапуваат по предметите се самостојни и одговорни при донесувањето на одлуките. Единствено се раководат од законските одредби, со цел сторителите на кривичните дела да бидат изведени пред лицето на правдата, а јавните обвинители кои раководат со соодветните обвинителства, како и повисоките јавни обвинители, вклучително и Јавниот обвинител на Република Македонија, немаат законски овластувања и не можат да влијаат при донесувањето на одлуките по поединечни предмети.

Јавното обвинителство истакнува дека во целина ги демантира наводите во соопштението  на СДСМ во врска со наводно барање од надлежниот обвинител за доставување на пасошите на обвинетите за да ја замени мерката притвор со друга полесна мерка за обезбедување.

Истовремено, надлежниот обвинител потенцира дека донесената одлука е самостојна и ги демантира сите наводи за било какви влијанија врз донесувањето на одлуката. Дотолку повеќе што јавниот обвинител Јован Илиевски кој му е непосредно претпоставен е и формално  изземен од постапувањето по овој предмет, како и по предметите поврзани со актуелните случувања, и по истите нема преземено никакви дејствија, така што, ниту тој, ниту пак повисоките јавни обвинители не се вклучени во постапувањето по споменатите предмети.

Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот познат во јавноста под името „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели исклучиво врз основа на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот кој треба да ја донесе конечната одлука.

265 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против осомничените лица во случајот „Пуч“

Скопје, 01 Мај 2015

По спроведување на сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на сите прибрани докази и факти во предметот „Пуч“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против осомничените.

Првообвинетиот З.В. се терети за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45, Шпионажа од чл.316 ст.4 и Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.

Второобвинетиот Ѓ.Л. е обвинет за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45 и кривично дело Шпионажа од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

Третообвинетата С.В. за кривично дело Шпионажа од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, додека четвртообвинетиот З.З. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.19 од Кривичниот законик и петтообвинетиот Б.П. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик.

Во исто време, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе и Предлог за продолжување на мерката -Притвор.

366 total views, no views today

Уште две спогодби во предметот „Јустиција“

Скопје, 30 Април 2015

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“ и тоа со еден судија во пензија и еден судија коj активно ја вршел функцијата.

Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година затвор , којa нема да се изврши доколку во време од три години осомничениот не стори ново кривично дело.

Надлежниот обвинител од Oсновното јавно обвинителство Скопје склучи спогодба и со осомничено лице –  судија за стореното кривично  дело – Несовесно работење во службата. Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече Пресуда со која осуденото лице го казни со казна затвор во времетраење на две години која нема да се изврши, доколку во рок од четири години осуденото лице не стори ново кривично дело.

Спогодбите се верификувани и од страна на Основниот суд Скопје 1  - Скопје, кој согласно Спогодбата, со Пресуда  на осомничените им ги изрече договорените казни.

338 total views, no views today

Page 44 of 57« First...102030...4243444546...50...Last »