Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место каде вечерва имаше престрелка

Скопје, 05 Април 2018

Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.  Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.

Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици.

Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот.

115 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинение против лицето кое нападна пратеник

Скопје, 04 Април 2018

Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден  по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството  за внатрешни работи.

Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице.

90 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство во Велес истражува обид за убиство

Скопје, 04 Април 2018

Надлежен јавен обвинител донесе  Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомневање дека сторил во обид  кривично дело Убиство од чл.123 ст.1од Кривичниот законик и кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на ден 01.04.2018 година околу 20.30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице . Осомничениот  во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од 2 промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот  извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените.

 Сметајќи дека постојат околностите кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, Основното јавно обвинителство во Велес до Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе Предлог за определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

92 total views, no views today

Остварена работна посета со претставници на Врховниот апелационен суд на Република Турција

Скопје, 29 Март 2018

Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Љубомир Јовески денеска оствари работна средба со г. Мехмет Акарџа, Републички главен јавен обвинител на Врховниот апелационен суд на Република Турција и г. Исмаил Рушту Чирит, Претседател на Врховниот суд на Република Турција. На средбата присуствуваа и г. Јово Вангеловски, Претседател на Врховниот суд на Република Македонија, како и претставници од Врховниот апелационен суд на Република Турција и од Јавното обвинителство на Република Македонија.

29746269_1989648118029731_1778262482_o

На работната средба беше истакната подготвеноста на двете страни за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата, меѓународниот организиран криминал, трговијата со луѓе и нелегалната миграција, како и кривичните дела од економски и компјутерски криминал.

29829768_1989648298029713_930552194_o

Ова е прва работна средба на г. Љубомир Јовески со турските колеги. Посетата е во рамките на одбележувањето на Денот на правосудството во Република Македонија.

29883552_1989648221363054_902807599_o

85 total views, no views today

Поднесено обвинение за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија

Скопје, 27 Март 2018

Прес конференција – ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
27.03.2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по сеопфатна истражна постапка, прибрани докази и утврдени факти, денеска до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 30 лица. Од нив, 28 лица се товарат за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица се гонат за помагање при вршење на истото кривично дело. За четири од осомничените лица постапката е прекината затоа што во моментов тие се недостапни на органите на прогонот. Обвинителството ќе ја продолжи постапката по нивното пронаоѓање. За едно лице постапката е запрена, бидејќи не се обезбедени докази за сторено кривично дело.

Обвинителството утврди дека обвинетите, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, да оневозможат избор на Претседавач и Претседател на Собранието на Република Македонија, предизвикале акт на насилство, со што го загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во законодавниот дом и создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните. Прочитај повеќе…

200 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде беа повредени двајца војници

Скопје, 22 Март 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на армијата.

Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок 35 килограми кој бил монтиран на хермелин. Во моментот на пренесување на митралезот во хангарот, тој испукал еден куршум кој повредил други двајца војници кои го чистеле оружјето.

Надлежниот јавен обвинител разговарал со неколкумина војници кои биле очевидци на целиот настан и кои објасниле дека митралезот неколку пати заглавил и за време на воената вежба во Штип.

За целосно расветлување на случајот, по наредба на надлежен јавен обвинител ќе биде извршено вештачење на митралезот и на чаурата пронајдена на лице место, а ќе биде прегледан и целокупниот протокол на изведената воена вежба во Штип. Дополнително, ќе биде прибавена и целосната медицинска документација за двајцата повредени војници, кои во моментов се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Настанот го испитува и Одделението за криминалистика при Воената полиција, кое исто така својот извештај ќе го достави до надлежниот јавен обвинител.

108 total views, no views today

Притвор за соседот што извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Скопје, 21 Март 2018

Постапувајќи по кривичната пријава од МВР-НК КР Делчево, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” од чл. 188 ст. 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на возраст од 46 години, на ден 16.03.2018 г. околу 20,00 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.

Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Кочани поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот​, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Воедно надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности што укажуваат дека осомничениот со влијание врз сведоците и вештаците ќе ја попречува кривичната постапка. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение за определување на мерката притвор во траење од 30 дена.

90 total views, no views today

Донесена наредба за истрага за две лица за Злоупотреба на службена положба и овластување и соизвршителство при вршење на јавни набавки

Скопје, 16 Март 2018

​Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в со чл.22.

Имено, во периодот од мај до август 2015 година при спроведување на постапка за јавна набавка во износ од 660.834.855 денари за одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, првоосомничениот како директор на владина служба ги пречекорил границите на своето службено овластување и потпомогнат со соизвршителство од второосомничениот – како сопственик на правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија при што со дејствијата е прибавена значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и правното лице.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за првоосомничениот и Предлог за определување на мерки на претпазливост за второосомничениот.

Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на обвинителството.

156 total views, no views today

Изјава на Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески

Скопје, 16 Март 2018

Како Јавен обвинител на Република Македонија ја осудувам постапката на дел од јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу, бидејќи сметам дека таквото обраќање е непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија. Нивната постапка ја доведува под сериозно сомневање независноста, непристрасноста, лојалноста и достоинството на јавниот обвинител, бидејќи нивниот настап е предизвикан од други цели кои не се поврзани со извршување на јавнообвинителската функција.

Нема да допуштам влијание од кого и да доаѓа, а кое ги попречува напорите за средување на состојбите во јавното обвинителство во насока на професионално, стручно, непристрасно, совесно и законито извршување на јавно обвинителската функција.

Јавните обвинители во вршењето на функцијата не смеат да дозволат да бидат надвладеани од субјективни мислења и проценки, од притисокот на јавноста или политиката. Законот за секого и во секој предмет е еднаков за сите, без оглед на национална, верска или политичка припадност и така треба да се применува.

Предметот во детали е рефериран и разгледуван на колегиум на Вишото јавно обвинителство Скопје и на Проширен колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија, при што се оцени дека во кривичниот предмет е постапено во согласност со Законот за кривична постапка, Законот за јавно обвинителство и начелата во работењето на јавното обвинителство.

Со соопштението од јавните обвинители директно е нарушена функцијата јавен обвинител  и се настојува да се влијае во одлуките по предметот, бидејќи тие конкретно не постапуваат по тој предмет и не можат во јавност да изнесуваат ставови што не добиле верификација на Колегиум. Затоа за нивната постапка ќе се расправа Колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија, а ќе побарам нивното однесување да го преиспита Етичкиот Совет на јавните обвинители.

128 total views, no views today

Тројца албански државјани под истрага за производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Скопје, 16 Март 2018

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против тројца државјани на Република Албанија заради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека во Република Албанија неовластено набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна маса од околу 38 килограми, ја внеле во Македонија, ја препакувале во 36 најлонски пакувања и во две торби со возило ја донеле до нелегален граничен премин кон Република Грција во близина на селото Лажец. Еден од осомничените останал во возилото да чека, додека другите двајца се обиделе дрогата пеш да ја пренесат во Република Грција заради продажба. Сите тројца биле затекнати во извршување на делото во близина црквата во селото Лажец.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежен јавен обвинител предложи определување мерка притвор за осомничените, а судија на претходна постапка на сите тројца осомничени им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

121 total views, no views today

Page 5 of 59« First...34567...102030...Last »