Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа

Скопје, 01 Април 2016

Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22 , три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1  и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, беа координирани и раководени од надлежни јавни обвинители. Во постапувањето беше прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и беа испитани голем број на сведоци.

544 total views, 2 views today

Одржана консултативната средба со граѓански организации кои имаат активности поврзани со изборите

Скопје, 29 Март 2016

Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска одржа консултативна средба со граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси.

DSC00327

Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година.

На состанокот, Комисијата ја промовираше електронската адреса на која граѓанските организации, но и граѓаните воопшто ќе можат да пријавуваат секакви сомненија за сторени кривични дела поврзани со изборите: izbori@jorm.gov.mk

Оваа адреса веќе е во функција, а сите пријави испратени на неа веднаш ќе бидат проследени до Комисијата, која предметите ќе ги упатува на итно постапување кај надлежен јавен обвинител.

Дополнително на ова, Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите информации објавени во медиумите и при евентуални известувања за изборни нерегуларности ќе формира предмети и по допрен глас.

Комисијата за следење на изборни нерегуларности на денешниот состанок од граѓанските организации доби податоци и информации со кои следењето на изборниот процес ќе биде поефикасно.

Јавното обвинителство на Република Македонија проценува дека соработката граѓанските организации е исклучително важна и тоа не само во текот на изборниот процес, туку и при секојдневното постапување.

470 total views, 1 views today

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Скопје, 25 Март 2016

Јавното обвинителство на Република Македонија организира консултативна средба на која ќе стане збор за начинот на работа на новоформираната привремена Комисија за следење на изборни нерегуларности.

Средбата ќе се одржи меѓу претставници на формираната Комисија и на граѓанскиот сектор кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта е да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година.

Консултативната средба ќе се одржи на 29 март 2016 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, во конференциската сала на Јавното обвинителство. Ги покануваме граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси, а се заинтересирани да учествуваат на средбата, да го пријават своето учество на електронската адреса: press@jorm.mk најдоцна до 28 март 2016 година (понеделник) во 15:00 часот.

614 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство Скопје побара Притвор и за едно од осомничените лица кои беа опфатени со предходните дејствија во т.н. предмет „Фабрика за афери“

Скопје, 25 Март 2016

Осомниченото лице опфатено со дејствијата на надлежното обвинителство на почетокот од преземањето на дејствијата во предметот т.н. Фабрика за афери се сомничи за три кривични дела и тоа:  Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378  и Злоупотреба на лични податоци од член 149  сите од Кривичниот законик.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за определување на мерката Притвор.

Осомничениот  во моментов е на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело. Издржувањето на казната затвор, според обвинителството, не ја исполнува целта ниту пак ограничувањата кои се постигнуваат со мерката притвор.

445 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се спогоди со шестмина од предметот „Ќелија“

Скопје, 25 Март 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска се спогоди со шестмина од обвинетите кои ја признаа вината во случајот познат во јавноста како „Ќелија“.

Шестмината обвинети за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од Кривичниот законик се спогодија да им се изрече казна затвор и тоа:

- на обвинетиот Р.М., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1, казна затвор во траење од седум години;

- на обвинетиот А.Д., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1, ст.2 и ст.6, казна затвор во траење од пет години и шест месеци;

- на обвинетиот Ф.С., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.3 и ст.4, казна затвор во траење од пет години;

- на обвинетиот Р.С., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1 и ст.3, казна затвор во траење од пет години;

- на обвинетиот С.Е., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1 и ст.2, казна затвор во траење од пет години и

- на обвинетиот М.Ш., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.3 и ст.4, казна затвор во траење од пет години.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги верификуваше спогодбите и донесе пресуди за истите, по што пристапи кон оценување на Обвинителниот акт за останатите обвинети во овој случај за што јавноста ќе биде навремено информирана.

584 total views, 1 views today

Предлог за определување мерка притвор и за последното задржано лице од акцијата во т.н. предмет Фабрика за афери

Скопје, 25 Март 2016

Осомниченото лице е изведено пред судија на претходна постапка, каде надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка Притвор.

Осомничениот се товари дека сторил три кривични дела и тоа – Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378  и Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.

465 total views, no views today

Продолжува постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по денешната акција

Скопје, 24 Март 2016

За едно од лицата кои денес во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор. Лицето се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Тројца од петтeмина лишени од слобода, по оценка на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.

Петтото лице е задржано и јавноста дополнително ќе биде известена за одлуката која во постапувањето ќе биде донесена од страна на Обвинителството.

490 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со истражни дејствија за т.н. „Фабриката за афери“

Скопје, 24 Март 2016

По барање на Основното јавно обвинителство – Скопје и по издадена наредба од надлежен суд утринава беше извршена координирана акција за наоѓање на нови дополнителни материјални докази во предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“.

Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.

Во акцијата спроведена утринава од слобода се лишени 5 лица.

431 total views, no views today

ДЕМАНТ

Скопје, 24 Март 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро реагира и ги демантира информациите објавени во неколку медиуми, во врска со наводно спроведување на контра – акција со вршење влијание на вработените во Централниот регистар, а со цел да не се појавеле на работа.

Истакнуваме дека ширењето вакви шпекулации ја доведува во заблуда јавноста, која за секое постапување на јавните обвинителства е навремено и точно информирана од страна на Службата за односи со јавноста во Јавното обвинителство.

203 total views, no views today

Јавниот обвинител на Република Македонија на отворањето на конференција за борба против тероризмот во Скопје

Скопје, 22 Март 2016

12895258_1114543065242622_1388971486_n

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска ги поздрави присутните учесници на тридневната регионална конференција „Взаемна правна помош, екстрадиција и истраги за комјутерски криминал во контекст на борбата против тероризмот и учеството во странски терористички војски“, што започна денеска во Скопје.

Во своето обраќање, г-динот Зврлевски истакна дека борбата против тероризмот и учеството во странски војски е предизвик за градење на цврста интернационална релација која ќе застане на патот на овој вид на кривични дела.

12476577_1114544035242525_1736020805_n

Република Македонија има сериозен пристап во справувањето со овој вид криминал и освен постоење на правна рамка, гради и институционална рамка која значајно ќе придонесе кон соочувањето со овој предизвик, додаде г-динот Зврлевски.

На конференцијата, која е дел од серијата обуки за борба против тероризмот на Балканот во организација на Амбасадата на САД, присуствуваат делегации на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Хрватска. На отворањето на регионалната конференција, покрај Зврлевски, зборуваа и Мајкл Вакаро од Одделот за правда на САД – ОПДАТ, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љубчо Андоновски.

524 total views, 1 views today

Page 66 of 92« First...102030...6465666768...8090...Last »