Соопштенија

Шестмина во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не постапиле согласно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители предложија за секој од обвинетите да биде изречена парична од  100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.