Соопштенија

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во помали пакувања во зелена пластична кутија, како и 2,63 грама семки од растениот канабис.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, ценејќи дека доколку биде пуштен да се брани од слобода тој би можел да го повтори кривичното дело или да се обиде да избега.