Соопштенија

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Во домот на осомничениот 38-годишник во Аеродром, на 20 декември, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага.

Бидејќи во конкретниот случај ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.