Соопштенија

​Обвинение за кражба на мобилен телефон

Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетиот се товари дека на 15 октомври, на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена. Тој ја забележал оштетената која се упатила кон еден автобус и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон, но веднаш бил забележан од полициски службеници кои го лишиле од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.