Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените во своите домови, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога марихуана со вкупна количина од 271,1 грама, спакувана во повеќе полиетиленски кеси и распоредена на повеќе места.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничените лица. Судот со решение за еден осомничен определи мерка притвор, а за вториот осомничен е определена мерка куќен притвор.