Соопштенија

Казнен налог за двајца сопственици на локали во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по денес примената кривична пријава до Основниот суд во Дебар достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во текот на вчерашниот ден двајцата обвинети, сопственик на угостителски објект и сопственик на интернет клуб, не постапиле според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.  При контрола од страна на службени лица од ОВР-Дебар е утврдено дека иако во градот е прогласена кризна состојба, локалите на двете лица се отворени за да им пружат услуга на граѓаните.

Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што биле и приведени, а обвинителството побара изрекување на парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.