Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе обвинение против едно лице за сторено Убиство

Основното јавно обвинителство – Велес по завршување на истражната постапка и прибирање на сите докази во предметот, поднесе Обвинителен акт против лицето кое  во дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес на 17.07.2014 година со умисла лиши од живот  90-годишно лице.
Кривичното дело – Убиство за кое се товари обвинетиот е извршено со нанесување на тешки телесни повреди со неколку удари со камен во пределот на главата на жртвата.
Од здобиените повреди, оштетениот на лице место починал, по што обвинетиот од предниот лев џеб му ги одзел и парите што 90-годишникот ги имал со себе, во вкупен износ од 50 денари.
Надлежниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор  против обвинетиот  до Основниот суд во Велес, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетото лице доколку му се дозволи да се брани од слобода.