Основното јавно обвинителство Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 март, обвинетиот 27-годишен жител на Дебар не се придржувал до прописите и наредбите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19. Имено, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, тој се движел во близина на зградата на Општина Дебар за време на полицискиот час.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Дебар да му изрече парична казна на обвинетиот. Постапувајќи по ваквиот предлог, Судот го огласи за виновен и на обвинетиот му е изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена на 10 евра во денарска противвредност.