Соопштенија

Постапки за прекршување на полицискиот час на територијата на Скопје

Против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 25 до 29 март, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Од страна на полициските службеници биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат дозвола за движење.

Со ова, сите обвинети сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот да изрече парични казни за секој од обвинетите граѓани во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.