Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Во одделни кривично правни настани, обвинетите на 29.03.2020 година за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.
Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.