Соопштенија

Предложена казна за прекршување на полицискиот час во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 32 години, жител на селото Уларци, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23 март, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час со автомобил се движел по локалниот пат меѓу селата Долни Балван и Таринци.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Штип достави предлог со кој побара на лицето да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.