Соопштенија

Предлози за казнени налози за 13 прекршители на полицискиот час во Кочани

Седум предлози за издавање казнени налози за вкупно 13 лица поднесе Основното јавно обвинителство Кочани за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во периодот од 23 до 29 март, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови.

Основното јавно обвинителство Кочани на Основниот суд Кочани му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.