Соопштенија

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Севeрна Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест COVID-19. Тие на 27 и 28 март биле затекнати во непочитување на полицискиот час.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на сите обвинети да им биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.