Соопштенија

Парични казни за членови на едно семејство во Берово

Четворицата обвинети, членови на едно семејство, свесни за своето дало, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.  Тие се движеле со патничко моторно возило додека во сила бил полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што јавен обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.