Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Крива Паланка поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
На 11 април, обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно биле затекнати како се движат пеш низ градот за време на полицискиот час.
Јавниот обвинител од судот побара на обвинетите да им бидат изречени парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 10 евра во денарска противвредност.