Соопштенија

Предложен казнен налог заради непочитување на полицискиот час во Велешта

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 29 март, во време на забрана за движење на населението воспоставена со Одлука на Владата, управувал со автомобил во селото Велешта.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена алтернативна мерка – условна осуда со која му се утврдува парична казна од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, определено дека таа казна нема да се изврши доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.