Соопштенија

Велешкото обвинителство поведе постапка за шест лица

Обвинетите за време на викендот не го почитувале полицискиот час воведен за време на викендот како мерка за спречување на пандемијата прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Велес.

Основното јавно обвинителство Велес со поднесените предлози од Судот побара на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.