Во рамките на Проектот ИПА 2017 Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби ИТ опрема за дигитална форензика во вредност од 27. 000 евра.
Опремата се состои од софтвер и хардвер за компјутерско и мобилно вештачење на одземените ИТ уреди во кривично-правните настани на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Дигиталната форензика е една од носечките активности на истражниот центар на ова обвинителство и неопходна за непречено ефикасно и ефективно функционирање како на истражниот центар, така и на обвинителството во целина.
За потребите на истражниот центар во рамките на овој проект минатиот месец беше донирана и друга хардверска опрема.