Соопштенија

Казнени налози за две лица во Тетово

Обвинетите, жители на с. Џепчиште, тетовско, се движеле пеш на 15 април 2020 година, во 20:00 часот, во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Тетово со Предлогот за издавање казнен налог побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.