Основното јавно обвинителство Прилеп до Основен суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за кривично дело по член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19, во одделни кривично правни настани во временскиот период од 10.04.2020 до 16.04.2020 година.
Обвинителството на надлежниот суд му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.