Соопштенија

Поведена постапка за осум лица во Делчево

Основното јавно обвинителство Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози за осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите за време на викендот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија , се движеле пеш или со возила низ градот. Со тоа, не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело, а за што обвинителството побара од надлежниот суд да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​