Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за 15 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија за време на викендот, тие се движеле пеш или со возила низ градот.
За стореното кривично дело, за секој од обвинетите , обвинителството побара од судот да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.