Соопштенија

Парична казна за тројца кумановци и четири лица жители на Кратово

​Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тројца од нив се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно на сила биле прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19.

Четворица обвинети се движеле низ Кратово и со тоа постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на судот му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.