Соопштенија

Еден обвинет за непочитување на полицискиот час во Струга

Против едно лице обвинето за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог.

Обвинетиот на 20 април постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час бил затекнат од полициски службеници додека се движел пеш по кејот на реката Црн Дрим.

Надлежен јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 50 евра во денарска противвредност.