Соопштенија

Двајца тетовчани обвинети за прекршување на полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле со возила низ Тетово.

Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​