Соопштенија

Штипското обвинителство поведе постапка за уште три лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Обвинетите, членови на едно семејство од с. Лакавица, штипско,  не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие со возило се  движеле низ Штип во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.

Со овие дејствија сите обвинети го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што обвинителството побара на секој од нив да им биде изречена парична казна во висина од 50 дневни глоби секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.