Соопштенија

Парична казна за тројца кумановци

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно на сила биле прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19. За стореното кривично дело, обвинителството на Судот му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.