Соопштенија

Штипското обвинителство обвини 6 лица кои не го почитувале полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила бил полицискиот час.

За стореното кривично дело, обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност