Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози со кои опфати десетмина обвинети.
Сите обвинети во одделни кривично правни настани не ги почитувале здравствените прописи за сузбивање на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тие пеш или со возила се движеле низ Делчево и околината за време на полициски час.
За осуммина обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност. За двајца од обвинетите, имајќи ја предвид нивната имотна состојба, обвинителството до Судот предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 200 евра во денарска противвредност.