Соопштенија

Казни за 11 лица заради прекршување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.

Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 до 30 евра во денарска противвредност.