Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ги почитувале мерките за ограничување на движењето согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство Тетово заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, поднесе предлози за издавање на казнени налози за обвинетите и му предложи на Судот за нив да изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби.