Соопштенија

Поведена постапка за три лица во Струга

Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 18 и 19 април 2020 година, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот.

Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив од по 30 евра во денарска противвредност.