Соопштенија

Лице од Пробиштип и осуммина штипјани го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело обвинителството предложи на сите обвинети да им биде изречена парична казна во висина од по 50 дневни глоби , секоја од нив во износ од 10 евра во денарска проиввредност.

Осум од обвинетите со возило или пеш се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата воведена со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.
Еден обвинет, за време на полицискиот час во Пробиштип го напуштил својот дом, заминал кај сограѓанин од Пробиштип по што физички го нападнал.