Постапувајќи по доставените кривични пријави против две лица од с. Челопек и од с.Порој, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози. Лицата во текот на вчерашниот ден биле забележани на различни локации како се движат низ градот.
Со своите дејствија тие сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво во чл. 206 став 1 од КЗ.
Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.