Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 4 лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија се движеле на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за секого од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.