Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност.
Двајцата обвинети не ги почитувале мерките донесени од Влaдата на Република Северна Македонија, односно се движеле низ градот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.